ЕК: Македонија и Ирска со највисок раст на БДП во Европа

Република Македонија и Ирска се земјите што ќе имаат најголем раст на Бруто-домашниот производ во 2015 и 2016 година, покажува зимската економска прогноза на Европската комисија што денеска ја претстави комесарот за економски прашања и финансии, Пјер Московиси.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, неформалната Влада на Европската унија предвидува дека само Македонија и Ирска ќе имаат раст на БДП од 3,5 проценти оваа година, а во 2016 година се предвидува дека овие две земји ќе имаат по 3,6 отсто раст на БДП, со што догодина би биле изедначени со идентичен економски раст и во Грција и Летонија, како предводници на “стариот континент”.

Со наслов: “Ребаланс на растот кон домашната побарувачка”, ЕК за македонската економија предвидува силен раст на инвестициите, разгорени од јавните инфраструктурни проекти и зголемената домашна побарувачка во 2014 година од странските инвестиции, што се очекува да остане единствениот двигател на растот во 2015 година и 2016 година.

Она што е интересно е дека, според оваа прогноза на Еврокомисијата, ниту една земја на Европската унија, годинава и догодина нема д абидат во рецесија и дека Хрватска, Италија и Кипар, земји-членки на Унијата што лани беа во рецесија, годинава меѓу 0,2 и 0,6 отсто економски раст. На ниво на Европа, Брисел прогнозира дека само Руската Федерација ќе биде во рецесија со -3,5 проценти на својот Бруто-домашен производ. Европската унија годинава се очекува д аима раст од 1,7 отсто, а Еврозоната – 1,3 проценти.

Иако Македонија останува земја со најголем процент на невработеност, сепак, ЕК прогнозира дека од 28,5 проценти невработени во 2014 година, дека годинава ќе има намалување за еден процент (27,5%), додека за 2016 година се предвидува стапката на македонската невработеност да продолжи да се намалува до 26,4 отсто. На ниво на цела Европа, Комисијата предвидува пад на невработеноста, па така во Грција, која лани имала26,6 проценти невработнеи од сите работоспособни лица, до 2016 година се очекува да успее да ја крене вработеноста за ччетири отсто, исто колку и Шпанија која догодина се очекува да има 20,7 проценти невработеност.

Македонскиот јавен долг, поради инвестициите во инфраструктурата, Брисел предвидува дека од 38, проценти на БДП минатата година, да порасне на 29,1% годинава и да достигне 40,1 процент договодина, што е сепак далеку од дозволениот максимум од 60 проценти на БДП на ниво на Еворпска унија. Како за споредба, Грција се предвидува дека годинава ќе има 170 проценти јавен долг во однос на БДП, Белгија 16 проценти, а Германија – околу 72 проценти.

Буџетскио дефицит на Македонија, според оваа зимска прогноза на Европската унија, лани изнесувал 3,9 отсто на БДП, годинава се очекува да падне на 3,5 проценти годинава и да достигне 3,2 проценти догодина, што е блиску до инсистирањето на ЕУ во Европа истиот да изнесува максимум три отсто на Бруто-домашниот производ.

– И покрај солидното зголемување на извозот на стоки, странскиот биланс веројатно го повлекува растот на Бруто-домашниот производ, додека инвестициите поврзани со раст на увозот помалку забавува. Владата го опушти својот пат за фискална консолидација, со насочено намалување на буџетскиот дефицити помалку од првично планираното. Додека порастот на државниот долг е умерен, потребите за финансирање на претпријатијата во државна сопственост силно влијае врз нивото на јавниот долг, наведува Европската комисија во зимската прогноза за Македонија.

Забележувајќи дека домашната побарувачка го поддржувала забрзувањето на растот на производството во 2014 година и пошироко, Комисијата за македонската економија посочува дека со зајакнување на домашната побарувачка, растот станал поизбалансирани во 2014 година, со значаен пораст на бруто-фиксниот капитал дополнувајќи силен пораст на извозот на стоки. Во третиот квартал, ЕК посочува дека производство се зголемило за 4,1 проценти на годишно ниво во реални услови, само малку послабо во однос на брзината во претходните три месеци.

– Наглото зголемување на инвестициите беше спроведено од страна на трошењето за јавната инфраструктура и со зголемувањето на странските директни инвестиции поврзани со производствените капацитети. Значителен пораст на увозот, сепак, е поттикнат и од страна на инвестицискиот бум, што најверојатно доведе до негативен придонес на нето-извозот кон растот во 2014 година, изразена разлика од претходната година, кога нето-извозот беше единствен двигател на растот. Додека градежната активност остана мала, производствениот сектор имаше корист од силната извозна побарувачка. Своето производство го зголеми за 10 отсто на годишно ниво во првите 1 месеци од 2014 година, посочува Брисел во зимската прогноза за Македонија.

Големите заложби за патните и железнички проекти предвидени во среднорочна владината фискална стратегија, според Комисијата, најверојатно и понатаму ќе ги зајакнуваат инвестициите, иако зголемувањето во вкупниот бруто-фиксен капитал се очекува малку да се намали, главно на сметка на завршувањето на тековните капацитетни екстенции на Директните странски инвестиции и несигурните изгледи за нови проекти во гасоводот.

Трошењето во домаќинството може да го зголеми својот придонес во растот на домашната побарувачка постепено во иднина, што според ЕК ќе биде поддржано од стабилното кревање на нето платите, кои според прогнозата се вратиле на позитивен раст во пролетта 2014 година. За тоа придонес има бенигната цена на животната средина, понатамошното зајакнување на кредитното продолжување и стабилните приватни трансфери.

Со нотирање дека “надворешната рамнотежа останува да го влече растот”, Комисијата за Македонија вели дека извозната активност била изненадувачки импресивна во првите десет месеци од 2014 година, иако во голема мера прекомпензирана од страна на инвестициите поврзани со растот на стоките и услугите. Притоа се посочува дека извозот на стоки се очекува да обезбеди значајни стапки на раст во 2015 и 2016 година, со нови производствени линии од странските инвестиции што би биле експлоатирани.

– Тоа ќе продолжи да обезбедува најголем придонес за растот на БДП-то, со главен ризик од надворешната побарувачка. Силното инвестирање и постепената потрошувачката поврзана со растот на увозот, веројатно ќе доведе до мало влошување на тековната сметка, иако приватните трансфери се очекува да останат стабилни, прогнозира Еврокомисијата.

Сепак, се нотира дека надворешниот долг на Македонија се зголемил значително во текот на третиот квартал на минатата година, главно на сметка на лансирата еврообврзница од 500 милиони евра на Владата во јули, како и во помала мера на исплата на заемот од Светска банка во август. Нивното ниво, сепак, оттогаш се намалило, бидејќи, Владата започнала отплата на заемите од Меѓуанроднито монетарен фонд (ММФ). Во тој поглед, ЕК во прогнозата посочува дека дури и со големите отплати планирани за оваа година, дека државните резерви најверојатно ќе останат соодветни, поддржано од очекуваното ревитализирање на приливите на Директните странски инвестиции и стабилниот приход од приватни трансфери.

Посочувајќи дека производство носи придобивки за вработување, Комисијата посочува дека анкетата за податоците на работна сила за третиот квартал 2014 година ги зголемил очекувањата дека имало понатамошно подобрување на пазарот на трудот минатата година. Тоа е на годишно ниво, со дополнителни придобивки за вработување, како и намалување на стапката на невработеност. Брисел нотира дека создавањето работни места е особено силно во областа на производството, како одраз на побарувачката од јавни инфраструктурни проекти и од извозните индустрии.

Во истиот период, Комисијат вели дека во Македонија немало практично подобрување на високата стапка на невработеност на младите работници, како последива на останатите структурни проблеми на пазарот на трудот. Па, така, понатамошното севкупно подобрување се очекува во текот на следните две години, како што ќе засилува домашната побарувачка, така и производство за извоз во секторот на директните странски инвестиции што се предвидува дека ќе останат стабилни.

Европската комисија посочува дека “фискалната консолидација во Македонија е врз основа на раст на приходите”, па се наведува дека приходите на Владата биле големи во втората половина на 2014 година, како одраз на значителниот пораст на собирањето на директните даноци и данокот на додадена вредност (ДДВ).

– Сепак, со оглед на неочекувано силниот наплив на пренесените средства во четвртиот квартал, ова тешко дека ќе го спречи претерувањето на целт за општиот владин дефицит, кој е зголемен за 0,2 отсто и изнесуваше 3,7 проценти од БДП-то на Македонија во текот на летото. Новата среднорочна фискална стратегија, донесена есента во 2014 година, ги релаксираше целите на дефицитот за 2015 и 2016 година во однос на претходната стратегија, со консолидација врз основа на побрз раст на приходите од настанатите трошоци. Со оглед дека Владата се уште не ги утврдила конкретните мерки за консолидирање на расходната страна, опстојувањето на целта за дефицит може да се покаже предизвик, прогнозира неформалната Влада на Европската унија за нашата земја.

На крајот од прогнозата, Еврокомисијата посочува дека долговите ќе останат покачени, па се вели дека додека порастот на долгот на централната влада, најверојатно, ќе остане под контрола, но дека државните претпријатија, особено Јавното претпријатие за државни патишта, преку кој Владата раководи со најголемиот дел од своите трошоци за патната инфраструктура, ќе бара значително финансирање во 2015 година и 2016 година

– Оттука, вкупниот јавен долг се очекува да се зголеми и над 50 проценти од Бруто-домашниот производ во иднина, предупредува на крајот Комисијата во зимската прогноза за Македонија.