ЕК:Македонија не подлежи на правилата на ЕУ за справување со бегалците

Европската комисија денеска уште еднаш порача дека Република Македонија е „трета земја“ за Еворпската унија, бидејќи не е нејзина членка и оти затоа не подлежи на легислативата и законите на Унијата во однос на (не)пропуштањето и третманот на бегалците и мигрантите на својата граница со Грција.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Еврокомисијата задолжена за миграциски прашања, Наташа Берто, денеска појасни дека единствено што ја „врзува“ Македонија со Унијата во однос на бегалската криза е Протоколот на договорот за справување со истата од 25 октомври 2015 година, кога во Брисел, македонскиот претседател Ѓорге Иванов учествуваше заедно со 11 други шефови на држави и Влади на земјите долж западно-балканската мигрантска рута.

– Од легална точка, БЈР Македонија е трета земја и не подлежи на правилата на ЕУ правила, туку на меѓународните правила. Легално ме прашавте и ви кажувам легално, правно сите посветености со оваа земја се во рамки на соработката на Брисел со Западниот Балкан во рамки на договорот потпишан на 25 октомври, кој е потпишан од 12 земји, вклучително и БЈР Македонија, истакна портпаролката Берто.

Според првиот гласноговорник на неформалната Влада на ЕУ, Маргаритис Схинас, пак, контакт-точките определени од земјите долж западно-балканската рута, каде Македонија ја претставува државната секретарка при Министерството за внатрешни работи Анастасија Илиеска, ќе се одржи преку видео-контакт вечерва во 19 часот и ќе се дискутира за сите отворени прашања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.