ЕК: Македонија треба да ги започне преговорите

Македонија продолжува доволно да ги исполнува политичките критериуми, го заврши најголемиот дел од реформите во однос на правосудниот систем и на јавната администрација и има направено прогрес откако стана земја-кандидат во 2005 година.

Затоа Советот треба да се наврати на препораката на Европската комисија за отворање на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија, се наведува во последната драфт-верзија на Еврокомисијата за Македонија.

Утре, официјално документот треба да ја објави комесарот за проширување Штефан Филе.

Во документ, кој го пренесе МИА, за Македонија се наведува дека „нивото на усогласување на законската регулатива е високо во однос на тоа каде во моментов се наоѓа земјата во пристапниот процес”. Сепак, Комисијата наведува и дека остануваат сериозни предизвици, а во некои области и се зголемиле, при што се наведува поделената политичка култура, сериозната загриженост за зголеменото политичко влијание и владината контрола на државните институции и медиуми, како и се уште кршливата меѓуетничка ситуација.