ЕК: Насилството никогаш не е одговор на бегалска криза

Портпаролот на Европската комисија, Мина Андреева на денешната прес-конференција истакна дека насилството никогаш не е одговор на бегалска криза или пак некоја друга, во која луѓето ги минуваат границите.

– Продолжува истрагата за утврдување на фактите, посочи таа во одговор на прашање поврзано со минатонедлениот инцидент крај бугарскиот град Средец.

– Треба да се увериме дека на нашите граници нема да има насилство. Треба да го засилиме заедничкиот европски одговор во граничната безбедност, дополни портпаролката.

Андреева ја потенцира потребата од примена на билатералните договори за реадмисија на Турција со Бугарија и Грција.

Според неа, олеснувањето на визниот режим на ЕУ за турските државјани ќе се случи етапно. Неопходен е период за изградба на доверба пред визите да бидта укинати за сите турски државјани, појасни портпаролот на ЕК, Наташа Берто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.