ЕК: Нема механизам за исклучување на Грција од еврозоната

Европската комисија не разгледува можност за излез или исклучување на Грција од еврозоната, соопшти денеска прес-службата на ЕК, по објавените текстови во европските медиуми за евентуално исклучување на Атина од монетарниот сојуз во случај на банкрот.

– Не постои правен механизам за исклучување на земји од еврозоната. ЕК дејствува врз основа на претходно постигнат договор меѓу Грција и меѓународните институции за нова рефорска програма и продолжување на меѓународната финансиска помош за Атина, наведува Комисијата.

Фраснцускиот премиер Мануел Валс, исто така, истакна дека неговата земја не гледа излез на Грција од еврозоната како „евентуална варијанта“.

– Времето не чека – грчката Влада во брзо време треба да изврши исплата на големи кредити, нагласи Валс, додавајќи дека ако Грција наскоро претстави програма за длабоки реформи ќе може да добие финансиска помош од ЕУ.

Тој изјави дека грчките власти успеале да постигнат „одреден напредок“, но се уште не е доволно и Атина треба да направи поголеми напори.