ЕК нуди две милијарди евра за Грција

Европската комисија и доставила на располагање на Грција „две милијарди евра за 2015 година“ од неискористени европски фондови. Тоа го изјави денеска претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, пренесува МИА.

– Тие фондови нема да ја пополнат касата на грчката држава, но ќе може да бидат искористени за да ги поддржат напорите во поддршка на растот и социјалното единство, најмногу како одговор на масовниот проблем со невработеноста на младите, нагласи Јункер.

Тој додаде дека финансиската ситуација во држави од ЕУ целосно се стабилизирала по кризата и сега е време да се искористи добрата динамика на извршувањето структурни реформи.

За Грција, според претседателот на Советот, Доналд Туск државите членки се договориле да го „забрзаат процесот на реформи во државата“. Списокот на тие реформи треба конечно да биде конкретизиран во април за да може Атина да ги добие средствата кои се останати од втората меѓународна програма за финансиска помош.