ЕК објави позитивен извештај за исполнувањето на третата програма за спас на Грција

Генералната дирекција „Економски и финансиски прашања“ на Европската комисија вчера објави дека целосно се исполнети сите предуслови за успешен четврти преглед на програмата за Грција според Европскиот механизам за стабилност (EСМ).

Ова го отвора патот за одобрување на последната транша од финансиската поддршка во рамките на програмата.

Во извештајот се посочува дека сумата ќе биде употребена за грчкиот надворешен долг и за создавање на парична резерва.

Денеска во Луксембург ќе заседава и Еврогрупата, за да донесе одлука за четвртиот преглед на грчката програма за спас и за намалување на грчкиот надворешен долг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.