ЕК: Обвинувањата кои ја доведуваат во прашање непристрасноста на Хан се нонсенс

Обвинувањата од опозицијата и СДСМ за пристрасност на комесарот Јоханес Хан во македонската криза се комплетно неосновани, а политичките лидери треба да се фокусираат на постигнување финален договор затоа што вперувањето прст кон комесарот не им помага и уште полошо- не и помага на земјата. Ова во име на комесарот Јоханес Хан, денес го изјави портпаролката на ЕК Маја Коцијанич, пренесува „Курир“.

Европската Комисија денеска упати остра реакција на обвинувањата на опозицијата и нејзините перјаници, во која се вели дека секое обвинување кое ја доведува во прашање непристрасноста на комесарот Хан и неговите напори да ги олесни разговорите кои треба да дојдат до решение на кризата се целосен нонсенс и немаат никаква основа.

Напротив, комесарот, заедно со европските пратеници, земјите членки и САД, работи со напор и непристрасност за да се олесни компромисот помеѓу лидерите. Комесарот ја има целосната поддршка на земјите членки во овие напори чија цел е поддршка на земјата и граѓаните. Ние разговаравме со повеќе министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ вчера и тие целосно го поддржуваат нашиот пристап, вели Хан преку соопштението на неговата портпаролка.

Хан изразува подготвеност да продолжи со неговата улога во македонските преговори како чесен посредник доколку тоа биде потребно.

Тој додава исто така дека договорот од 2 јуни ги содржи сите елементи на добар компромис и прецизира дека треба да се одржат слободни и фер избори порано отколку што беше предвидено и дека во договорот има јасна заложба на лидерите за реформи во полето на владеењето на правото или изборните реформи.

Веднаш по изјавата на Хан во Вашингтон СДСМ и нејзините поддржувачи настапија со остри и неосновани критики кон еврокомесарот.

Опозицијата обвинуваше и ширеше гласини за наводна пристрасност на еврокомесарот Хан, во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Кон нападите врз Хан директно се приклучи и опозицискиот лидер Зоран Заев. Тој првично, по изјавата на Хан свика конференција за медиумите на која објави дека СДСМ нема да присуствуваат на преговорите во Брисел, поради „пристрасноста на Хан“.

-Изјавата во Вашингтон на Јоханес Хан, комесарот за проширување на ЕУ, содржи елементи на пристрасност и е несоодветна во подготвителен период пред одлучувачката средба во Брисел. Зачудува оценката на еврокомесарот Хан за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ, ниту ЕУ досега не констатираа дека Извештајот за изборите во Македонија е позитивен, рече Заев.

Таканаречената соросова елита предводена од главниот опозициски стратег Бранко Героски и Љубомир Фрчкоски веднаш се приклучи кон острите напади.

Напаѓајќи го Хан, Героски на неговиот портал Плусинфо, пишуваше дека преговорите се минирани и дека еврокомесарот Хан „говори се најдобро за режимот на премиерот Груевски, а се обидува да го „превесла“ СДСМ“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.