ЕК одобри почеток на реконструкција на железничката делница од Битола до Кременица

51

Европската комисија (ЕК) го одобри почетокот на проектот за реконструкција на железничката делница од Битола до Кременица, беше меѓудругото истакнато, на денешната средба на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, со Комесарот задолжен за регионални политики во Европската Комисија, Јоханес Хан.

На состанокот е пренесено дека од страна на Европската Комисија е одобрено да започне реализацијата на проектот за реконструкција на железничката делница од Битола до Кременица (граница со Грција), проект кој ќе се финансира од претпристапните фондови на Европската Унија (ИПА фондови). Ова значи дека почнува постапката за избор на компанија која ќе ги изведува градежните работи.

На средбата, која се одржа во Европската Комисија во Брисел беа претставени тековните инфраструктурни проекти и активности на Владата на Македонија во делот на транспортот кои се финансирани со средства од европските фондови, како и идните планови за развој на европските транспортни коридори на територијата на Македонија.

Skin Delight