ЕК покрена постапка против Чешка, Полска и Унгарија

© AP Photo / Virginia Mayo

Европската комисија (ЕК) одлучи во вторникот да покрене постапка против Чешка, Полска и Унгарија поради неисполнувањето на обврските за разместување на бегалците од Италија и до Грција, според договорот на Европската унија.

Европската комисија во соопштението истакнува дека повеќепати ги потсетувала Прага, Варшава и Будимпешта за потребата да ги исполнат своите обврски. Сепак, и покрај повиците на ЕК, Чешка, Полска и Унгарија сѐ уште не започнале да примаат бегалци и имигранти.

„Во врска со тоа, како што беше укажано во претходниот извештај за разместување и релокација, Комисијата одлучи да ја започне постапката за спречување на нарушувањата против овие три земји членки“, се наведува во соопштението.

Постапката за спречување на повредите се одвива во неколку фази. Доколку Комисијата смета дека земјите членки ги прекршиле правилата на Европската унија, писмено ги известува за тоа земјите.

Доколку земјата членка на ЕУ не даде задоволителен одговор, Комисијата дава образложено мислење за ова прашање. И доколку државата не води политики во согласност со заклучоците на ЕК во зададениот рок, тогаш таа може да се обрати до Европскиот суд на правдата.

Во Варшава коментирајќи ја одлуката на Европската комисија, веќе одговорија, дека Полска е подготвена пред судот да го брани своето право да не прима имигранти и беглаци.

Во септември 2015 година шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ со мнозинство гласови од 23 од 28 земји, донесоа одлука за релокација на, покрај претходно 40.000 баратели на азил, уште 120.000 имигранти кои се наоѓаат на територијата на Унија, во прв ред во Италија и во Грција.

Притоа, неколку земји одбија да примат на своите територии имигранти, и покрај заканата за големи финансиски казни. Така, Чешка од доделената квота од 1.600 лица примила само 12, а Полска и Унгарија ниту едно.