ЕК ѝ порача на Италија да преземе нови буџетски кастрења

Италија би требало и натаму да го намалува својот буџетски дефицит оваа година и да истрае на разборити буџетски политики, изјави потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис во четвртокот.

Во интервјуто за миланскиот дневен весник Corriere della Sera, потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис вели дека Италија треба и натаму да го намалува односот на БДП-то и структурниот дефицит за 0,3 отсто оваа година.

Запрашан дали тоа значи дека владата мира да одобри натамошни буџетски мерки оваа година, Домбровскис вели дека засега тоа не може да го каже, како и дека Европската комисија мора да разговара со новоформираната влада.

„Владата се составува. Засега, сѐ што можам да кажам е дека е важно (за Италија) да остана на патот на одговорната макроекономска и буџетска одговорност“, додава потпретседателот на ЕК.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела му го довери на 54-годишниот Џузепе Конте мандатот за составување на владата којашто ја сочинуваат крајната десна Лига и антисестаблишмент и евроскептичното Движење пет ѕвезди (М5Ѕ).

Двете партии минатиот петок договорија коалиција ветувајќи дека ќе ги намалат даноците и ќе ги зголемат социјалните давачки, со што претставуваат најголемиот предизвик за Европската унија откако Велика Британија изгласа излегување од Унијата пред две години.