ЕК повикува на целосно почитување на уставниот поредок на Шпанија

Европската комисија во средата се огласи со повикот на потполно почитување на уставниот поредок на Шпанија, којашто е зафатена од кризата откако нејзината автономна покраина Каталонија по референдумот од 1-ви октомври прогласи независност, којашто веднаш потоа беше суспендирана или одложена од страна на каталонските власти.

„Комисијата внимателни ја следи ситуацијата во Шпанија и го повторува својот поранешен повик во целост да се почитува шпанскиот уставен поредок. Имаме доверба во шпанските институции, во премиерот Маријано Рахој со којшто претседателот на (Европската комисија) Жан-Клод Јункер е во постојан контакт, како и во сите политички сили кои работата на изнаоѓање решение, коешто мора да биде во согласност со шпанскиот устав“, изјави потпретседателот на ЕК, Валдис Добровскис на прес-конференција, по состанокот на Комисијата на којашто меѓу другото е зборувано и за кризата во врска со настојувањата на Каталонија да биде самостојна република.

„Ги поддржуваме напорите на надминување на поделбите, за да се обезбеди единството и почитувањето на шпанскиот устав“, додаде Добровскис.

По референдумот одржан на 1-ви октомври, кој владата во Мадрид не го признава, каталонскиот претседател Карлес Пучдемон во вторникот вечерта го потпиша документот со која се прогласува независност на Каталонија од Шпанија, но веднаш го суспендираше и повика на дијалог со шпанската влада.

Пучдемон во вторникот пред покраинскиот парламент во Барселона изјави дека референдумот од 1-ви октомври на неговата влада ѝ дал мандат да ја трансформира Каталонија во „независна република“, но дека тој процес треба да се замрзне поради преговорите со владата во Мадрид.

Во средата претпладнето итен состанок одржа шпанската влада, по што премиерот Маријано Рахој го најави првиот чекор за активирање на членот 155 од уставот на Шпанија кој му овозможува да ја суспендира политичката автономија на Шпанија и да го преземе управувањето со покраината.

„Кабинетот се согласи формално да побара од каталонската влада да потврди дали или не прогласила независност. Одговорот на каталонскиот претседател ќе ги одреди идните случувања, во следните неколку дена“, рече Рахој во кусото телевизиско обраќање по состанокот на министерскиот кабинет, додавајќи дека ќе продолжи да дејствува на „претпазлив и одговорен“ начин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.