понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 60

ЕК предлага нови безбедносни мерки во ЕУ

еу

Последни вести

Европска комисија денеска претстави дополнителни мерки за зголемување на безбедноста во Европска унија.

Една од мерките е дека полицијата во секоја земја-членка на ЕУ треба да споделува информации со колегите од другите членки, пред се информации за странските борци терористи. Информациите треба да се споделат и со агенциите на ЕУ преку Шенгенскиот информациски систем и Европскиот центар за борба против тероризмот при Европол, пренесува МИА.

ЕК предлага предност да има спречување на радикализацијата и на врбувањето на европските граѓани од страна на терористичките организации. Земјите-членки на ЕУ треба да се погрижат и за веќе радикализираните граѓани да бидат вклучени во програми за дерадикализација и да бидат спречени да дистрибуираат терористичка пропаганда и да шират омраза.

ЕК предлага и санкции за терористите и нивните поддржувачи.

Најчитани вести