вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 55

ЕК предложи укинување на визите за граѓаните на Турција и Косово при патување во ЕУ

132319041

Поврзани вести

Колеџот на комесари на Европската комисија денеска усвои предлог што го достави до Европскиот совет и до Европскиот парламент за укинување на визите при патување во некоја од земјите-членки на Европската унија за граѓаните на Турвија и Косово, јави дописникот на МИА од Брисел. Во однос на укинувањето на визите за турските граѓани, овој предлог доаѓа како дел од сеопфатнио договор на ЕУ и Турција за мигрантската криза, според кој Униајта се обврза дека Турците ќе добијат безвизен режим до крајот на јуни оваа година, додека турските власти како прашање на итност ќе ги исполнат незавршените одредници од својот патоказ за визна либерализација.

Предлогот на неформалната Влада на ЕУ денеска е претставен заедно со извештајот за напредокот на Турција во исполнувањето на барањата на овој план. Визната либерализација за Турција е клучна компонента на договорот ЕУ – Турција од 18 март оваа година. А, во однос на Косово, држава која е се уште непризнаена од пет земји-членки на Европската унија, предлогот за визна либерализација за граѓаните на оваа земја е претставен заедно со позитивната оценка на Европската комисија со потврда дека Косово ги исполнило барањата на процесот на либерализација на визниот патоказ.

Ако се биде во ред и Европарламентот со просто мнозинство до вкупно 751 европратеник го усвои предлогот, а Евросоветот со квалификувано мнозинство на ЕУ-земјите, граѓаните на Турција и Косово од 1. Јули ќе можат без визи да патуваат во Европската унија.

Најчитани вести