четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 53

ЕК пресече: „Епл“ треба да плати казна од 13 милијарди долари

Европската комисија ги истражуваше последните три години од плаќањето даноци на „Епл“ и одлучи дека олеснувањата во Ирска им овозможиле да плаќаат данок од 1 отсто.

apple

Последни вести

Европската комисија ги истражуваше последните три години од плаќањето даноци на „Епл“ и одлучи дека олеснувањата  во Ирска им овозможиле да плаќаат данок од 1 отсто.

Европските регулатори одлучија денеска дека „Епл“ ќе мора да им плати на ирските власти до 13 милијарди долари за неплатени даноци (плус камати) по одлуката дека пренасочувањето на профитот низ Ирска било илегално.

Ирските олеснувања му овозможиле на „Епл“ да плаќа данок понизок од 1 отсто. Огромнота сума е од прилика 40 пати поголема од претходниот износ што Европската комисија  ги бараше во слични случаи. Но, како што велат претставници на ЕУ тој износ може да се намали, ако и другите членки бараат плаќање даноци.

„Епл“ и Ирска веќе претходно најавија жалби на одлуката. Ирскиот министер за финансии Мајкл Нунан рече дека длабоко не се сложува со ваквата одлука, пренесува Би Би Си.

Порача како е нужно да се заштитат интегритетот на сопствениот даночен состав и да пружаат даночна сигурност на компаниите, но и задирање во ЕУ правилата за даночната способност на суверените членки.

Истрагата на Комисијата заклучила дека Ирска на „Епл“ му овозможила илегални даночни олеснувања кои што на компанијата низ годините и овозможиле да плаќа драстично пониски даноци од останатите комании, вели еврокомесарот Маргарет Вестагер.

Инаку овие 13 милијарди долари за „Епл“ не би требало да претставуваат голем проблем бидејќи тој износ претставува само 6 отсто од големиот износ на готовина со кој што располага компанијата, пишува Ројтерс.

Истрагата на ЕК беше отпочната во 2014-тата година кога Ирска беше обвинета дека ги избегнува меѓународните правила така што низ ирските подружници можат да се пренасочуваат милијарди долари заработка, а за возврат би можеле да задржат илјадници работни места во земјата.

Најчитани вести