ЕК смета дека ситуацијата во Грција и натаму е тешка, а процесот на помош недоволно транспаренте

Европската комисија признава дека ситуацијата во Грција останува и натаму тешка, и покрај враќањето на економскиот раст и излегувањето на земјата од меѓународните програми за надворешна финансиска помош, изјави за новинарите во петокот еврокомесарот за економија и финансии, Пјер Московиси, и притоа истакна дека смета оти процесот на финансиска помош за јужната членка на Европската унија не бил доволно демократски и транспарентен.

„Грција се врати на (економскиот) раст, а нејзиниот некогашен огромен дефицит се претвори во солиден буџитски вишок. Јасно е дека реалноста на теренот останува комплицирана. Времето на жестокото штедење заврши, но крајот на програмата (за финансиска помош) не е и крајот на патот реформите“, изјави еврокомесарот Пјер Московиси.

Тој пред новинарите изрази и сомнежи во целосната транспарентност и демократскиот пристап во процесот на финансиската помош на Атина.

„Иако официјални личности имаа големо влијание врз овој процес, тие дејствуваат по мандатот даден од министрите за финансии на еврозоната, коишто носеа конечни одлуки (за отворање на програмите за помош и доделувањето на траншите од заемите) како колективен орган кој не е подвргнат на реална демократска контрола. Јас самиот, како учесник на заседанијата на Еврогрупата (советот на министрите за финансии на еврозоната), се чувствував непријатно кога носевме одлуки зад затворени врати, за судбината на милиони Грци“, додаде Московиси.

Поради тоа Московиси ваквата ситуација ја оцени како „демократски скандал“, не затоа што министрите постапувале без своја волја, туку затоа што тие честопати не биле целосно информирани за ситуацијата или немале прецизен мандат од своите национални парламенти.

„Од тоа јас извлеков јасна лекција: Еврогрупата мора да стане подемократична, потранспарентна и подобро контролирана“, заклучи поранешниот француски министер за финансии.

Кризата во Грција траеше толку долго, смета натаму Московиси, покрај другото и поради тоа што нејзините димензии биле потценети на почетокот.

„На почетокот од грчката криза немавме конкретни компетенции, ниту инструменти, а не станува збор, пак, за политичка култура за управување со ситуацијата. Ние, исто така, ја потценивме длабочината на кризата со којашто се соочува грчката држава и тамошната економија“, рече во обидот да објасни зошто оваа криза траеше толку долго.

Московиси, исто така, ги истакна и задоцнетите носења одлуки од страна на еврозоната, поради сложеноста на овој процес.

На почетокот од август Европскиот механизам за стабилност (ESM) ѝ ја ослободи последната транша од заемот во износ од 15 милијарди евра од програмата за странска финансиска помош. По добивањето на оваа транша, големината на грчкиот лимит на ликвидноста ќе изнесува 24 милијарди евра. Оваа сума ќе биде доволна да се покријат потребите на Гриција за финасирање во текот на 22 месеци по доолгоочекуваното излегување од програмата на надворешна финансиска помош кое настапува на 20-ти август.

Грција добива странска финансиска помош од 2010 година, и е последната земја од еврозоната којашто не можеше да се ослободи од надворешната поддршка, започната како последица од глобалната економска гриза од 2007/2008 година. Една од целите на програмата на финансиска помош беше враќањето на земјата на целосно и независно финансирање на своите трошоци преку глобалните пазари на капитал, без кредитна поддршка од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) или фондот за стабилизација на еврозоната. Првите две програми дефинитивно не ја постигнаа оваа цел, и поради тоа се пристапи кој нови пакети помош. Сега привршува третата програма за помош.

Третата програма за помош беше договорена во август 2015 година во вкупен изност од 86 милијади евра во вид ја заеми од ESM. Овој стабилизациски фонд, земајќи ја предвид и последната транша, ѝ додели на Грција во текот на третата програма 61,9 милијарди евра.

Притоа, имајќи ги предвид претходните програми, кога Грција од страна на еврозоната беше кредитирана од претходнитекот на ESM – EFSF (стабилизацискиот фонд на еврозоната) , земјата доби од овие два европски фонда за стабилизиација околу 204 милијарди евра, и тие се во моментов најголемите доверители на земјата.

Последниот пакет реформи вклучува намалување на пензиите од дури 18 отсто од 2019-та којашто е изборна година, како и поцврсти прописи за даночните изземање од 2020 година, што вкупно би требало да донесат заштеди од 5 милијади евра. Клучниот закон се однесува на воведување државни гаранции за кредиторите, на коишто ќе им биде овозможено да ја продаваат грчката државна сопственост преку Европскиот стабилизациски механизам (EMS), како компензација доколку Атина не ги плати долговите навреме.

 

И покрај противењето на големиот дел од грчката јавност, левичарскиот премиер Алексис Ципрас во 2015 година го потпиша третиот, моменталниот пакет странска финансиска помош во износ од 86 милијарди евра кој истекува во август годинава. Неговата влада предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза се согласи со барањата на меѓународните кредитори во 2019 и во 2020 година дополнително да ги намали пензиите и да ги големи даноците, па така првпат од ова лето ќе се применува и данок на туризмот, но вети дека потоа повторно ќе воведе колективни договори и ќе ја зголеми минималната плата.

Грција, како што се проценува, е блиску од излегување од должничката криза којашто нејзината економија ја турна во најдлабоката рецесија последните децении поради што над неа се надви заканата од банкротирање и излегување од еврозоната. На оваа членка на Европската унија, којашто во историјата веќе има прогласено неколку банкрота, меѓународните кредитори ѝ дадоа рекордни 260 милијади евра заем во неколку транши од 2010 година, со отпишување на околу 100 милијарди евра, во замена за жестоките кастрења и реформи.

Грција во замена за милијардите евра помош се обврза на болните реформи, вкупно 88, како и на мерките за штедење. Тоа подразбираше намалување на пензиите за десетина пати и пад на просечната заработка за околу четвртина. Заемите ѝ помогнаа да со одржи над банкротот, но истовремено го зголемија нејзиниот долг кој сега изнесува 318 милијарди евра или 180 отсто од бруто домашниот производ (БДП).