понеделник, 24 април 2017  |  Вести денес: 57

ЕК тужи четири држави членки за неусогласените возачки дозволи

Европската комисија ги тужи Хрватска, Холандија, Португалија и Шведска пред судот на ЕУ поради неправилно пренесување на прописите на Унијата за возачките дозволи.

дозволи

Поврзани вести

Европската комисија утврди дека постојат неколку недостатоци во пренесување на Директивата за возачки дозволи, вклучувајќи го и неправилното пренесување на усогласените периоди на важечките возачки дозволи во Холандија, како и пропустот на Португалија да обезбеди едно лице да може да има само една дозвола.

ЕК одлучи да ја тужи Хрватска поради неповрзување со мрежата на возачки дозволи во ЕУ, пренесе регионалната ТВ Н1. Со оваа мрежа се олеснува меѓусебната соработка на државите членки и се обезбедува дозволите да се издаваат во согласност со прописите на ЕУ.

Европската комисија од Хрватска, Кипар, Естонија, Полска, Романија и Словенија бара во целост да ги применат новите правила на Европската унија за ревизија.

Забележан е и пропустот на Шведска правилно да ги пренесе условите за здравствена способност на возачи зависни од алкохол.

Во Директивата за законските ревизии на годишните финансиски извештаи и консолидирани финансиски извештаи се утврдуваат условите за издавање на одобрение и регистрација на лицата кои ги извршуваат законските ревизии.

Со измените дополнително се зајакнува независноста и објективноста на лицата кои ги извршуваат ревизиите.

Земјите-членки морале да ги пренесат тие правила во сопственото законодавство до 17 јуни 2016 година.

Најчитани вести