Македонија

ЕК: Усогласеноста со ЕУ регулативата е на напредно и високо ниво

ЕК: Усогласеноста со ЕУ регулативата е на напредно и високо ниво

Европската Комисија во најновиот извештај кој беше презентиран денеска и кој содржи шеста последователна препорака за почеток на преговорите со ЕУ, констатира дека усогласеноста со ЕУ регулативата е на мнгоу напредно и високо ниво.

-Комисијата повторно констатира дека нивото на усогласеност на нашето право со тоа на ЕУ е на многу напредно и високо ниво, како на ниво на прописи, така и на ниво на политики и административни капацитети. Комисијата смета дека ваквото ниво е сосема доволно за да се помине на следната фаза од процесот (пристапни преговори), се вели во заклучоците.

Комисијата нотира дека фокусот треба да остане на развивање на институционалните капацитети, како континуиран процес и на зајакнување на координативните механизми и обезбедување на ефикасна имплементација на ЕУ правото во пракса.