ЕК: Ѕидовите не се решение

Портпарол на Европската Комисија, Наташа Беро денеска изјави дека ЕУ не го поддржува унгарскиот план за подигнување ѕид на границата со Србија за да се спречи бранот на бегалци.

– Не поддржуваме такви мерки и ги охрабруваме членките да најдат други начини за да се реши проблемот со бегалците, изјави таа.

Според неа, членките на ЕУ само одлучуваат како ќе ги обезбедуваат своите граници и Брисел нема овластување да забрани поставување ѕид.

– Неодамна се ослободивме од ѕидови во Европа и не треба сега да ги подигнуваме, изјави Берто.

Портпаролката рече дека ЕУ не поддржала сличен ѕид што Бугарија го гради на границата со Турција и не учествувале во тој проект.