Екипа на ТВ Сител нападната во Ѓорче Петров

Пред малку во скопско Ѓорче Петров е нападната екипата на ТВ Сител, јавува телевизијата.

Според информациите, новинарот и снимателот на телевизијата биле нападнати од граѓани кои биле револтирани поради убиството на 18 годишното момче. Телевизијата информираше дека се обиделе да им ја одземат камерата, но не успеале.

За среќа ниту новинарот никој не е повреден.