Екипи на Град Скопје ги чистат тротарите на улиците и булеварите

Екипите на зимската служба на Град Скопје деновиве ги продолжуваат активностите за дорасчистување на тротоарите од градските улици и булевари.

Екипи во кои се ангажирани повеќе од 200 лица од јавните претпријатија на Град Скопје работат на дорасчистување на тротоарите на булеварите, поточно на местата каде е создадена ледена обвивка.

Од Град Скопје потсетуваат дека во нивна надлежност се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Оттаму додаваат дека зимската служба ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.