Eкипи на Градот деноноќно на терен во поплавените региони

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија ги продолжуваат деноноќните активности на терен за расчистување на последиците од катастрофалното невреме што во саботата го зафати Скопје.

До доцните вечерни часови градоначалникот Трајановски на терен во населеното место Сингилиќ ги координираше активностите на екипите на Штабот за заштита и спасување, кои со поголем број на возила и механизација го расчистуваа главниот пат низ ова населено место и работеа на расчистување на повеќе улици во ова населено место.

koce1

Возилата покрај отстранување на наносите од кал, со багери ја собираа и целата уништена покуќнина која ги блокира споредните улици. Во текот на ноќта увид во работата на терен изврши и Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.

koce2

Денеска градоначалникот Трајановски активно се приклучи да им помогне на жителите од Инџиково во расчистување на дворовите и домовите кои претрпеа големи штети од силното невреме.

Во Инџиково процесот на црпење на водата од домовите и дворовите е во најголем дел завршен, а сега се работи на расчистување на домовите и дворовите од уништената покуќнина и останати предмети.

koce3

koce4

koce5

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.