Екипи на ИЗИИС и Град Скопје во увид на штетите од земјотресот

Екипи од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија со претставници од скопските општини, денеска ќе прават увид на патната инфраструктура, водоводот, канализацијата, топловодите и на струјоводите за да откријат евентуални оштетувања од земјотресот.

Увид ќе направат и во станбените згради и во останатите објекти за домување каде што се пријавени штети.

Ова беше договорено на синоќешниот управувачки комитет за кризи.

Од Град Скопје информираат дека градскиот штаб за заштита во кој се сите јавни претпријатија и бригадата за противпожарна заштита е целосно мобилизиран.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.