Екипите на Град Скопје на терен, се справуваат со последиците од дождот

По невремето со обилни врнежи од дожд што попладнево го зафати Скопје, екипите на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија веднаш излегоа на терен каде работат на санирање на последиците.

Од обилните врнежи на дожд беа блокирани поголем број на сообраќајници и подвозници- подвозникот на булеварот “Гоце Делчев” под стоковната куќа МОСТ, булеварот “Киро Глигоров”, подвозникот на булевар “Србија”, подвозникот на улица “Боца Иванова”, како и подвозникот кај улицата “Павел Шатев”.

Екипите на Градот Скопје и јавните градски претпријатија интервенираа веднаш и за помалку од еден час сите сообраќајници беа расчистени и проодни, освен подвозникот на булевар “Србија” каде се работи во моментов на отпушување на атмосферскиот колектор и истиот набрзо треба да биде прооден.

Градскиот штаб за заштита и спасување во соработка со јавните градски претпријатија ја следат состојбата на терен и интервенираат на сите локации каде што има потреба