Еклстоун ја носи Ф1 во Азербејџан

Првиот човек на комерцијалните права во Формула 1, Берни Еклстоун, обелодени дека во блиска иднина една трка од календарот во најбрзиот циркус на денешницата ќе се одржи во Азербејџан. Еклстоун постигнал договор со властите во Азербејџан благодарение на посредникот Флавио Бријаторе, кој за оваа услуга ќе добие милионски бонус.

„Се селиме во Азербејџан. Луѓето таму велат дека се ќе биде подготвено за трка во 2015 година. Според мене, тоа е пребрзо. Многу пореално е Азербејџан прв пат да биде домаќин во 2016 година“ , изјави Еклстоун.
Плановите се ова да биде уште една улична трка, што би се возела низ главниот град Баку, со што Еклстоун верува дека Ф-1 уште повеќе ќе добие на популарност, но и на неивесност.