Еклстоун: Легитимно право е на тимовите да се жалат

Берни Еклстоун го оправдува правото на жалба од Ф1 тимовите

Жалбата е поттикната од фактот дека најголемите сопственици на спортот, CVC Capital Partners, последната година поделиле 250 милиони долари на 5те најголеми екипи (Ферари, Ред Бул, Мерцедес, Мекларен и Вилијамс) надвор од алокацијата на средствата врз база на успехот и постигнатото.

Не сме охрабриле или обесхрабриле никого да превзема нешто. Европската Унија постои за такви работи. Форс Индија и Заубер мора да се обидат, тоа е нивно легитимно право. Доколку успеат тоа ќе биде добро, доколку не – никого нема ништо да го чини, објасни Берни.

На почетокот на сезоната, Еклстон остана нем по најавите на двата тима дека ќе го направат тоа, но никаква жалба тогаш не беше поднесена.

Тие велат дека на некои луѓе даваме премногу пари, а на други недоволно. Но, сето тоа се случува со знаење на сите инволвирани страни и сите имаат потпишано договори во кои е специфицирано кој и што ќе добие. Тие се предомислиле и јас воопшто не ги обвинувам. Некој ќе мора да се позанимава со случајот, да ги прегледа договорите и да реши дали истите се валидни или пак ќе мора да бидат променети. Од наша гледна точка, тоа ништо нема да промени, завршил Еклстоун.

Шефот на спортот е дециден дека премиите кои ги добиваат 5те екипи се обезбедени во 2012 година со договори и дека сите екипи потпишале договори и се согласиле со истите.