Еко-кампања во ОУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром

Во ООУ „Блаже Конески“ неодамна се реализираше еко-кампања „Заштеда на електрична енергија“, со цел подигање на свеста за заштеда на енергијата. Целна група беа учениците, вработените од училиштето, како и пошироката заедница.

Blaze Koneski

Во рамки на активностите на еко-кампањата беше реализиран училиштен ликовен конкурс на тема „Енергијата вреди, затоа треба да се штеди“, исто така беше организирана и едукативна работилница на тема „Заштеда на енергијата во домот“, како и едукативно предавање за обновливи извори на енергија.