Екологистите истоварија пет тони јаглен пред Елисејската палата во Париз

Припадниците на организацијата „Гринпис“ истоварија пет тони јаглен пред Елисејската палата во Париз, во знак на поддршка на најавата дека во Европа до 2030 година би требало 45 отсто од енергијата да се добие од обновливи извори, соопштија од оваа невладина организација.

Утринава повеќе од десетина активисти на Гринпис ги паркирале камионите во близина на Елисејската палата, а притоа го истовариле јагленот, симбол на високо загадувачка енергија.

Оваа акција на „Гринпис“ следи неколку часа пред состанокот на советот на француско-германското министерство.

Организацијата „Гринпис“ бара во Германија помалку да се употребува јаглен, а во Франција помалку нуклеарна енергија и ја поддржуваат намерата во Европа до 2030 година, 45 отсто од енергијата да биде од обновливи извори.

„Камионот со два резервоара со две илјади литри вода контаминирирана со трицијум се наоѓа во близина на градот Хаг во областа Нормандија,“ изјави портпаролот на „Гринпис“.

Европската комисија предложи намалување на емисијата на штетни гасови во ЕУ до 2030 година на 40 отсто. За тој предлог ќе стане збор на следниот самит кој во март ќе биде одржан во Брисел.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.