Еколошка катастрофа: Тешки метали течат во Дрина

Јаловина од некогашниот рудник на антимон во селото Костајник, која се слеала во реката Коренита, стигнала и до Дрина. Ова е веќе и официјално потврдено, а во Градското собрание на Лозница за денеска  е закажана вонредна седница.

„Врз основа на најновите анализи на примероците од четири станици, во Костајник, на местото на излевае на јеловицата, во реката Коренита пред влевањето во реката јадар, во селото Брадиќ во реката Јадар и во Јелава на самото влевање на Јадар во Дрина, наодите се повеќе од поразувачки. Железо, олово, кадмијум, цинк, бакар, арсен, жива, антимон и манган, кои се наоѓаат во категорија од  1 до 4, во повеќето примероци се вон таа класа. Практично, значително повеќе од количините кои воопшто се мерат.
Присуството на тешки метали кои течат во Дрина се толку евидентни што е доволно во целиот крај да се прогласи еколошка катастрофа“, потврил за српските медиуми, јанко Алексиќ, член на Градското собрание.

Тој објаснува дека Градот не сака да го впери прстот во кој било поединечно, туку што побргу проблемот да се реши.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.