Свет

Еколошката организација „Си шеферд“ спаси 750 китови

Еколошката организација „Си шеферд“ спаси 750 китови

Еколошката организација „Си шеферд“ соопшти дека спаси 750 китови од јапонски китоловци во текот на својата годишна кампања против лов на китови.

Бродовите на организацијата „Бо Паркер“ и „Стив Ирвин“ пристигнаа на Нов Зеланд по 94 дена пловидба, во рамките на десетата кампања против лов на котови која започна на 5 јануари.

Еколошката организација „Си шепард“ со години испраќа свои активисти да спречат лов на китови, а во текот на акциите инцидентите се честа појава.

Меѓународната комисија за лов на китови (ИВЦ) забрани комерцијален лов на китови, но во земјите како Јапонија, Норвешка и Исланд се ловат китовите под различни изговори, користејќи ги дупките во законите.