„Економист“ им посакува добредојде на Бугарите и Романците

„Добредојдовте!“, така влијателното британско списание „Економист“ го започнува отвореното писмо до Бугарите и Романците. Ова се случува во пресрет на први јануари, кога ќе се укинат ограничувањата на пазарот на труд во голем број земји од Европската унија.

„Од името на татковината на Економист ние ве повикуваме да дојдете и да работите тука. Не е ваша вина тоа што многу од нашите сограѓани не ве сакаат“, пишува весникот во писмото.

Списанието забележува дека источноевропските работници дури не прават таков дампинг на платите во Велика Британија, а ако такво нешто се случува, тоа влијае на платите на останатите имигранти.

Источноевропејците водат до економски раст и до намалување на долгот, се нагласува во списанието.

„Испитувањата укажуваат дека повеќето Британци размислуваат да ве користат како работници во своите куќи. А ако сте загрижени од предрасудите, тогаш преставувајте се како Италијанци и никој нема да дознае дека не сте“, препорачува конечно списанието.