Економист: Уругвај е држава на годината, легализираше марихуана и геј бракови

Многу весници на крајот на годината бираат личност, но угледниот весник со тираж од 1,5 милиони примероци, реши да избере земја на годината, а според нив, тоа е Уругвај.

Во образложението зошто токму Уругвај, тие велат бидејќи оваа година властите во Уругвај дозволија истополни бракови, а исто така го легализираат одгледувањето и продажба на марихуана.

„Легализацијата на геј браковите е прогресивна мерка која ги чини луѓето посреќни, додека одлуката за легализација на марихуаната ја сметаме за добра бидејќи на тој начин власта може да се фокусира на борбата со тешки криминални дела“, стои во соопштението на Економист.

Уште една причина зошто Уругвај е земја на годината е и претседателот Хосе Мухика, кој според Економист, живее скромно за еден претседател, во обична куќа, вози „буба“, а на службените патувања користи економска класа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.