Економски совет во Прилеп, се разговараше за значајни точки

На состанокот беше дискутирано по повеќе точки од дневниот ред како што се: гасификација, можностите кои се нудат во индустриската зона „Прилеп 2“, пректот „Купи куќа за млади“, информации за слободни зони за Brownfield инвестиции.

На состанокот беше дискутирано и за РК „Победа“ и за неговите успеси како и за новите субвениции кои ги понуди Владата на РМ за проектот „Од град во село за нов почеток“. Градоначалникот Марјан Ристески  на овој Совет истакна дека сите овие проекти имаат приоритетна улога во економско-стопанскиот развој на нашата општина.