Балкан

Економскиот раст и борбата против илегалната имиграција се приоритетите на грчкото претседателство со ЕУ

Економскиот раст и борбата против илегалната имиграција се приоритетите на грчкото претседателство со ЕУ

Разговорите меѓу министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос и британскиот колега Вилијам Хејг во Лондон беа фокусирани на приоритетите на Грција , откако на први јануари Атина ќе го преземе ротирачкото претседателство на Европската унија, пишува весникот „Катимерини“.

Најважни теми не само за Атина, туку и за секоја европска земја, се зголемувањето на работните места, социјална заштита, новите правила за економско управување, банкарската унија, контролата на европските граници и нелегалната имиграција“, изјави Венизелос за време на заедничката прес-конференција по вчерашната средбата со Хејг.

За време на разговорот двајцата министри разговарале уште и за грчките напори за надминување на економската криза, кипарскиот проблем, како и настаните во Сирија, Египет, Иран и Либија.