Македонија

Економскиот развој останува приорите на Велес

Економскиот развој останува приорите на Велес

Економскиот развој останува вистински приоритет на општина Велес. Барањата на бизнисмените стануваат обврска за локалната власт. Во тој правец, денеска градоначалникот Славчо Чадиев заедно со стручни лица од општинската администрација, пред преставниците на бизнис секторот од градот, ги презентираа плановите за индустриската зона Речани 2, индустриската зона близу селото Мамутчево и викенд населбата на езерото Младост.

Индустриската зона во Речани е со површина од 28 хектари, додека зоната „Мамутчево” e со површина од околу 67 хектари. 4.5 хектари површина се предвидени за викенд населбата на езерото Младост.

Деталниот урбанистички план за „Речани 2” е пред конечно усвојување.

Останатите два интензивно се подготвуваат. По нивното донесување истите ќе бидат ставени на продажба пред заинтересираните инвеститори.

Градоначалникот Чадиев на денешната презентација, истакна дека целта на општината е на велешките бизнисмени да им се презентираат напорите за заживување на економијата, но и да се согледа нивната желба и интерес за инвестирање во индустриските зони.

Преставниците на бизнис секторот од градот, ја поздравија денешната средба и презентација на индустриските зони. Тие сметаат дека ваквите напори на општината Велес претставуваат силен исчекор во потврдата дека Велес е позитивно место за водење на бизнис.