Економските санкции кон Русија водат во „ледена доба“

Евентуалните економски санкции врз Русија би и нанеле тежок удар на ионака економски ослабена земја, но ниту Европската унија не е во состојба да избегне негативни последици, пишува денеска словенечкиот весник Дело.

Економските санкции би претставувате одличен тест на интерната кохезија на Унијата, имајќи предвид дека различно влијаеле на одредени членови, наведува „Дело“, а пренесува агенцијата СТА.

Некои европски земји се загрижени поради изложеноста на нивните банки на Русија, други поради испорака на енергенси, а трети би сакале да ги задржат своите инвестиции во Русија.

Поради се ова, Брисел избра малку повеќе симболични мерки против руските официјални лица, стравувајќи пеналите да не стигнат преблиску до центрите на моќ во Кремљ или руските олигарси.

Русија пак, не изгледа загрижено поради можноста од меѓународна изолација иако дури ниту Кина не и пружи поддршка во Советот за безбедност на ОН. Се очекува дека и Москва и Западот покасно или подоцна ќе сфатат дека ескалацијата на проблемот никому не користи и дека претседателот на Русија, Владимир Путин како разумен играч ќе започне да преговара.