Економските слободи во Македонија подобри од 20 земји во Европа

Министерот за финансии Зоран Ставрески, денска имаше среба со претставникот на Фондацијата „Херитиџ“, Лук Кофи, на која што разговараа за можностите за подобрувае на економската слобода во земјава, иако според последните рангирања, Македонија има голем напредок во овој сегмент. Како што посочо Кофи, економските слободи се важни за економската стабилност и демократија во една земја, а  Македониа е на добар пат. Таа е регионален  лидер, како што истакна Кофи, а нејзините резултати се над просекот во европски, но и свтески рамки. Според рангирањето, таа е на 43 место во светот од 180 земји.

„Во целина постои задоволство од тоа дека Македонија  е лидер во регионот на југоисточна Еврпа, според индексот на економки слободи на „Херитиџ“ фондацијта. Земјава е на 43 место и најдобра е  во регинот, но, подобрае и од 20 европски земји, што е  показател за квалтетот на економската политика што се води. Индексот мери четири  области во рамките на кои се опфатени 10 индикатори:  слобода за започнување на бизнис, за финансирање на бизнис, заштитат на сопственичкитe права,  фискалната слобода, монетарна слобода, слобода за тргување и слично “, истакна Ставрески .

Тој воедно посочи дека концептот на економската слобода подразбира дека приватниот сектор има економска слобода индивидуално да ги носи своите одлуки за сопствениот бизнис,  а државата треба да направи бизнис амбиенот да биде конкурентен и поддеднаков за сите.

Кофи додаде дека од почетоот на рангирањето во 2002 година, во Македонија има подобрување во флексибилноста на пазарот на трудот и во привлекувањето на странски инвестиции.

„Хeретиџ“ фондацијата е политички тим од  експерти во Вашингтонкои прават рангирања за економските слободи во светот.

Од земјите во регионот Албанија е на 54 место, Бугарија и Романија на 62, Црна Гора на 68, Словенија на 74, Хрватска на 87, Србија 95 и Босна и Херцеговина 101 место.

Во однос на бенефициите кои ги добиваат домашните компании Ставрески нагласи дека во изминатите седум години, од кои 5,5 години беа запаметени како кризни, Владата ги оддржа ниските даноци,  реинвестираната добивка ја ослободи од оданочување, обезбедила дополнителни средства со субвенионирана камата од 5,5 проценти, како и 350 милиони евра од кои  250 се искоиртени

„ Ќе ја докапитализираме Македонската банка за поддршка на развој со 10 милиони евра кои ќе бидат ставени во функција на кредитирање на домашните фирми и тие ќе добијат нови средства за поддршка на извозот и на земјоделството. Исто така  ќе се нивелирааат казниете на фирмите согласно економската моќ односно големината на фирмите“, појасни Ставрески.