Македонија

Економско јакнење на жените, тема на јавна расправа на Клубот на пратенички во Собранието

Економско јакнење на жените, тема на јавна расправа на Клубот на пратенички во Собранието

Клубот на пратенички на Собранието денеска ќе одржи јавна расправа, со времетраење од 10 до 11,30 часот, во салата „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на тема: Економско јакнење на жените.

На јавната расправа поканети се пратениците на Собранието,  претставници на Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, потоа локалните комисии за еднакви можности, Un Women, Македонското женско лоби, Европската комисија, како и други здруженија на граѓани што работат на ова поле.