сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 6

Економско-социјалниот го поддржа спроведувањето на проектот „Македонија вработува 2“

Пакетот закони од проектот „Македонија вработува 2“ денес беше едногласно усвоен и од економско-социјалниот совет и е поддржан целосно од сите големи социјални партнери , во рамки на социјалниот дијалог, кој што Владата на Република Македонија континуирано го води и со организациите на работодавачи и со припадниците на работниците, односно Синдикатите. За ова денес по седницата на Советот информираше Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

mkd-vrabotuva-2

Поврзани вести

Пакетот закони од проектот „Македонија вработува 2“ денес беше едногласно усвоен и од економско-социјалниот совет  и е поддржан целосно од сите големи социјални партнери , во рамки на социјалниот дијалог, кој што Владата на Република Македонија континуирано го води  и со организациите на работодавачи и со припадниците на работниците, односно Синдикатите. За ова денес по седницата на Советот информираше Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Како што посочи тој на денешната седница Советот ги разгледал и најновите измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за инвалидско и пензиско осигурување, Законот за здравствено осигурување со којшто се овозможува продолжување на проектот „Македонија Вработува 2“ за уште една година со истите поволности кои што беа предвидени и во претходниот проект „Македонија Вработува“.

Инаку, би сакал да потенцирам дека едногласното прифаќање на пакетот на закони за реализација на проектот „Македонија вработува 2“, дојде поради фактот на позитивните ефекти од истиот и од аспект на работодавачите, односно Организациите на работодавачите, застапниците на интересите на приватните компании и од аспект на претставниците на работниците, односно Синдикатите, рече Спасов.

Нагласи дека проектот најпозитивни ефекти има за поголема помош и поддршка на невработените граѓани, односно на повеќе ранливи категории, или пак на групи на невработени лица кои што, како што рече, во минатото беа помалку конкурентни на пазарот на труд, но сепак со овој пакет на закони со проектот „Македонија Вработува“ им се дава поголема поддршка, поголема стимулација за приватните компании да отворат нови работни места и голема заштеда на сретства за отворање на нови работни места.

Економско-социјалниот го поддржа спроведувањето на проектот „Македонија вработува 2“

Економско-социјалниот го поддржа спроведувањето на проектот „Македонија вработува 2“

Потенцира дека од 27 до 37 проценти изнесува заштедата за едно отворено ново работно место од платата која што се исплаќа, односно за секоја приватна компанија во просек заштеда од околу 2.000 евра годишно за новоотворено работно место преку проектот „Македонија Вработува“ .

Исто така овој проект ќе продолжи да влијае за намалување на сивата економија, овозможува заштита на работниците кои што веќе работат во компаниите, нема простор за страв и за сомнежи, бидејќи самиот пакет на закони овозможува и систем и механизам на заштита на постоечките вработени во приватните компании,невозможно е да се отпуштат истите за да се вработат други лица со овие поволности, а се овозможува и заштита од злоупотреба од страна на корисниците на пакетот поволности. Оттука со оглед на повеќето позитивни ефекти кои што ги има овој пакет на закони за реализација на проектот „Македонија вработува 2“ по оваа фаза следи доставување на законите во Собранието на Република Македонија и после  усвојувањето на истите, следи продолжување со реализција за период од една година во која што очекуваме да се отворат нови работни места, да им се помогне  на голем број на македонски приватни компании, меѓутоа пред се на невработените граѓани на нашата држава, многу полесно и побрзо да дојдат до работно место, информира Спасов.

Според првиот човек на Сојузот на Синдикати на Република Македонија, Живко Митревски, самиот факт што на денешната седница на Економско-социјалниот совет сите социјални партнери му дадоа поддршка на овој проект  ја промовира оценката дека станува збор за исклучително значаен проект кој овозможува обезбедување на континуитетот во борбата против невработеноста и поттикнување на вработувањето  со конкретни мерки, мерки кои даваат резултати.

Анализата покажа дека во текот на изминатиот период и претходниот проект даде исклучителни резултати со овозможување на вработување на 19.000 до 20.000 нови вработувања, или 2, 8 посто. Проектот е значаен затоа што обезбедува и други дополнителни цели, значи го обезбедува поттикнувањето на вработувањето, обезбедува елиминирање на нелојалната конкуренција која е присутна насекаде па и кај нас во РМ. Исто така посебна значајна компонента што ние како Синдикат долго време се боревме како и на кој начин да обезбедиме егзистенција за повозрасната категорија на работници, рече тој.

Економско-социјалниот го поддржа спроведувањето на проектот „Македонија вработува 2“

Економско-социјалниот го поддржа спроведувањето на проектот „Македонија вработува 2“

Како што рече, со проектот се овозможува уште една дополнителна цела која дава резултати, а тоа е обезбедување на социјална материјална економска сигурност на социјално ранливите категории и на инвалдините лица и преку овој проект на некој начин се обезбедува и понатаму се уредуваат односите на пазарот на трудот.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи истакна дека и Организацијата исто така го поддржа овој проект и даде согласност за измената на овие три закони со кои продолжува и понатаму важноста на проектот „Македонија вработува “.

Сакам да истакнам дека тој  е особено важен за младите претприемачи, за луѓето кои што за прв пат започнуваат бизнис, и за брзорастечките компании. Развојот на едно пазарно стопанство посебно зависи од приватна иницијатива и од храброста на претприемачите за развој на сопствениот бизнис. На овој начин тие се охрабруваат и им се дава поттик малку похрабро да го рашират својот бизнис. Некои слабости кои што се појавија во досегашната имплементација на овој прокет со овие измени се изменети, рече тој.

Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија рече дека со поддршката на овој проект  ќе има можност да се поттикнат нови вработувања во Македонија.

Иако овој закон веќе на некој начин е усовршен се намалуваат злоупотребите, се намалуваат можностите за да се искористи законот на неправилен начин, а со самото тоа и да се навлечат компаниите да не размислуваат на долг рок, рече тој.

Исто така и Конфередацијата на слободни синдикати го поддржа овој проект од причини што, како што велат, со првиот проект се вработија доста ранливи категории на граѓани.

Позитивна оценка за прокетот даде и Драги Аргировски, Претседател на сојузот на здруженијата на пензионерите:

Овој проект според нас е најдобар проект на Владата на РМ и дава одлични резултати. Посебно и од призма на пензионерите бидејќи секое ново вработување значи многу, прво значи нови средтсва во Фондот за пензиско – инвалидско осигурување, значи поредовна пензија и дава можност за зголемување на пензиите, рече тој.

Најчитани вести