Свет

Екс-директорот на ЦИА признал дека оддавал државни тајни

Екс-директорот на ЦИА признал дека оддавал државни тајни

Поранешниот директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), генералот Дејвид Петреус призна дека оддавал државни тајни, соопшти денеска Министерството за правда на САД, објави МИА.

Во соопштението се посочува дека Петреус пред Окружниот суд во градот Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина, признал оти е виновен за неовластено прикривање и задржување на тајни податоци.

Адвокатите на Петреус, Дејвид Кендал и Роберт Барнет одбија да ја коменираат одлуката на нивниот клиент за признавање на вината.