Крими хроника

Екс директорот на охридски комуналец заработи кривична, делел тендери како што сака

Екс директорот на охридски комуналец заработи кривична, делел тендери како што сака

 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека против 42-годишниот С.А. поранешен в.д. директор на ЈП „Охридски коминалец“ е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена должност и овластувања.

Кривична е поднесена и против правното лице “Кемпласт-ПВЦ“ ДООЕЛ од Струга и одговорното лице во истото Д.А.  за злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство.

Според полициските податоци  првопријавениот  како в.д. директор на ЈП “Охридски комуналец“ во периодот од ноември до декември 2010 година, пречекорувајќи ги и искористувајќи ги своите овластувања без да објави јавен повик, согласно Законот за јавни набавки, противправно ја ангажирал фирмата “Кемпласт – ПВЦ“ ДООЕЛ да изврши работи и да вгради материјали при реновирање на објектите на ЈП “Градски гробишта“ од Охрид, во вкупна вредност од 851.325 денари и за истата цел наместо плаќач да биде ЈП “Градски гробишта“, сумата ја платило ЈП “Охридски комуналец“.

За да го прикрие таквиот противправен начин на работење првопријавениот подоцна, откако струшката фирма завршила со изведување на работите и вградување на материјалите, тој фиктивно побарал спроведување на три тендерски постапки без објавување на оглас – бр. 38/2010 од 15.11. 2010 за набавка и вградување на пвц столарија; постапка за јавна набавка бр.39/2010 за набавка и вградување на врати и ламинат; и постапка за набавување на канцелариски мебел бр.40/2010.

Формираната тендерска комисија од страна на самиот С.А. потоа формално ги спровела постапките за веќе завршени работи. На тој начин на С.А. и овозможил на фирмата “Кемпласт-ПВЦ“ ДООЕЛ од Струга противправно да се стекне со корист во вкупен износ од 851.325 денари.

 

Инаку С.А. и претходно е кривично пријавуван за разни кривични дела а на јавноста и е познат и како лицето кое беше нападнато на митинг на СДСМ во Куманово.