Екс љубовникот на принцезата Дајана ги продава нејзините писма

Поранешниот офицер на британската војска Џејмс Хјуит (57) кој пет години бил во тајна врска со принцезата Дајана, додека таа била во брак со принцот Чарлс (66), продава осум писма и 26 разгледници кои му ги испратила починатата принцеза.

Покојната принцеза од Велс на поранешниот офицер во писмата му напишала дека се чувствува празно додека не е со него, му испраќала подароци и договарала тајни средби, а сите писма ги завршувала со бакнежи.

– Ти благодарам за чорапите кои ми ги испрати за Божик. Поради тебе на лицето секогаш ја имам онаа блесава насмевка и повеќе не се ни обидувам да ја сокријам. Од темел ми го промени животот, му пишувала Дијана.

Хјуит го запознала во 1986 година кога го анажирала да ја научи да јава. Поранешниот офицер во 90-тите се фалеше дека поседува околу 60 писма. На Џејмс му пишувал и Вилијам, кој тогаш имал пет години. Тие писма весниците не сакаат  да ги објават од почит кон принцот.