Екс сопругот на Ејми Вајнхаус со шокантно тврдење

Поранешниот сопруг на починатата пејачка Ејми Вајнхаус, Блејк, тврди дека нивниот развод не е правосилен и дека ќе побара адвокатска помош за да докаже дека потписот на неговата екс жена на разводот е фалсификуван.

Блејк беше во брак со пејачката од 2007 до 2009 година. Тој за британскиот “The Sun” тврди дека Ејми никогаш не сакала да се разведе од него, ниту пак да ги потпише документите за развод.

– Зборувавме по телефон, но таа не сакаше да слушне за развод. Седум дена подоцна пред мене беа потпишаните документи за развод, но беше очигледно дека потписот на Ејми е фалсификуван, изјавил Блејк.

Тој додал дека ќе побара адвокатски совет и ќе го приложи нивниот венчален лист, за да можат да бидат споредени потписите на двата документи.

Се очекува коментар од таткото на пејачката, Мич Вајнхаус, кој наводно Блејк го посочи како одговорен за фалсификувањето на потписот на Ејми.