Екс стечаен управник „лапнал“ речиси два милиона денари

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Н.(51) од Куманово поранешен стечаен управник на АД ЗИК „Сточарство и преработка“ увоз-извоз Куманово за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

Пријавениот во почетокот на 2006 година со цел да се стекне со противправна имотна корист ги пречекорил своите службени овластувања на начин што по претходно донесена одлука од Собранието на доверители и решение од Основен суд Куманово за продажба на имот и средства од Акционерското друштво е извршена продажба на имот и средства во износ од 68.000 денари. Од овие парични средства биле исплатени награда за стечајниот управник, персонален данок, плати за вработените и други давачки, а преостанатиот износ од 1.719.123 денари пријавениот противправно ги задржал за себе, а при тоа ја уништил целата книговодствена документација.