Ексклузивна премиера на драмската серија ,,Преостанати” на HBO бесплатна за сите корисници на Boom TV

ОНЕ и престижниот филмски канал HBO најавуваат ексклузивна промоција на новата драмска серија ,,Преостанати” чија прва епизода ќе биде емитувана на каналот HBO бесплатно за сите корисници на Боом ТВ.

На 30 јуни, понеделник, од 21:05 сите корисници на Боом ТВ ќе можат да бидат дел од ексклузивната премиера, само ден по прикажувањето на првата епизода во Америка.

Драмската серија „Преостанати“, во режија на Питер Берг, на оригинален начин води во светот на мистериозни исчезнувања, а особено ја следи една група на луѓе кои се оставени во њујоршкото предградие Мејплтон. Тие мораат одново да почнат да ги градат своите животи по губитокот на повеќе од 100 луѓе.

Кога 2 проценти од човештвото ќе исчезне моментално и необјасниво, светот се обидува да сфати што би требало да преземе во врска со тоа. Три години подоцна, новата „HBO“ драмска серија „Преостанати“ раскажува за луѓето кои не го поминаа тестот и не беа во групата на одбрани. Серијата го следи Кевин Гарви (Џастин Тирокс), татко на две деца и началник на полицијата кој настојува и понатаму да живее нормален живот, иако тој поим во Мејплтон повеќе не постои.

Во серијата ПРЕОСТАНАТИ како значајна личност се издвојува телевизискиот продуцент, писател и сценарист Дејмон Лиденлоф кој е добитник на ,,ЕМИ” награда за серијата ,,LOST”, кои исто така се јавува и како творец на сериите ,,Crossing Jordan” ; ,,Nash Bridges” ; и серијата ,,Once Upon a time” кои се едни од позначајните во неговото работно портфолио.

Како дел од тимот е и познатиот романописец Том Перота кој е номиниран за оскар ,,Little Children’’ a како познати ликови и главни ѕвезди ќе ве забавуваат глумците, Мајкл Гастон, Ејми Бринеман, Кристофер Еклстоун, Лив Тајлер, Кери Кун и многу други ликови низ кои ќе можете да уживате во една од најинтересните и најпосакувани серии.

За сите корисници кои ќе сакаат да ги следат продолженијата на серијата и воедно целосно да се препуштат на летното уживање во филмската програма на HBO, а сеуште не го имаат активирано HBO пакетот ќе може тоа да го сторат со испраќање на ЅМЅ порака на бројот 141-181 (од сите оператори) HBO START 3223xxxxxxx каде што 3223xxxxxxx е серискиот број на BoomTV програмската картичка. Месечната претплата за HBO пакетот е 299 денари.
Покрај споменатата нова HBO серија „Преостанати“, ова лето HBO продолжува со емитување на високо квалитетна филмска програма во вашите домови, како што се блокбастерите: “THOR: THE DARK WORLD”, “THE WOLVERINE”, “THE GREAT GATSBY”, анимираниот филм за најмладата публика “CLOUDY WITH A CHANCE OF MEATBALLS 2”; како и новите сезони од филмските серии: “TRUE BLOOD”, “MODERN FAMILY”, “CALIFORNICATION” и многу други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.