Ексклузивни снимки: Заев признава – Бомбата е од странски служби

Демаскиран опозицискиот лидер Зоран Заев. Две видеа на сервисот YouTube ја извадија вистината на виделина. Лидерот на СДСМ отворено признава – бомбата ја добив од странски служби, пренесува Сител.

Опозицискиот лидер во повеќе наврати признава дека странски служби му ги дале материјалите. На прашањето на Груевски дали е сигурен во тоа и дали се видел со нив, Заев одговара потврдно. Нема информација од која земја биле странски служби ниту што тие барале за возврат.

Интересно е што опозицискиот лидер на прес конференцијата пред два една тврдеше дека материјалите ги добил од загрижени граѓани и од домашните служби.

Ова не е прв пат фактите да покажат дека Зоран Заев не ја говорел вистината. Претходно тој за медиумите под контрола на СОРОС тврдеше дека воопшто не остварувал средби со Груевски, а снимките објавени денеска најдобро го демантираат тоа.

Заев тврдеше и дека не се познава со Зоран Верушевски, а неговата Сопруга соња Верушевска беше пронајдена во домот на третоосомничениот во Пуч, Бранко Палифров, инаку најблизок сорботник на Заев во општина Струмица.