Ексклузивно и скандалозно: Mегаломанство и партизација кај Катица Јанева, меѓу обвинителите врие!

Мега скандал составен од редица скандали! Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева полека но сигурно прераснува во епицентар на случувања со негативна карактеристика кои ја брануваат јавноста и кои оставаат темни дамки на оваа институција.

По вчерашната информација дека Јанева за свој близок соработник го предложила кумашинот на адвокатот на Зоран Заев, денес нови информации кои уште во старт сериозно го проблематизираат нејзиното и работењето на обвинителството кое треба да го води.

Од документите кои беше задолжена да ги изготви за да го стартува работењето на обвинителството се забележуваат опасни индиции за партизација на оваа специјална институција, сомнежи за политичко дејствување кооординирано со СДСМ, но и мегаломанство и надменост.

Заради сите овие причини во Јавното обвинителство, помеѓу обвинителите кои работат во истото точката на вриење е стигната на највисоко ниво. Деновиве речиси сите јавни обвинители имале жестоки реакции на овие самобендисани излети на специјалната обвинителка

Обвинителката Јанева бара 8(осум) пати повеќе пари од Обвинителството за организиран криминал

Прес 24, ексклузивно имаше можност да дојде во допир со општиот работен план, персоналниот план и финансискиот план кој ги има изготвено Катица Јанева, каде што се забележуваа благо кажано скандалозни побараувања и потреби кои таа ги наведува.

Она што остава драматичен впечаток на прв поглед е огромното мегаломанство за финансиски средства кои ги побарува новото специјално обвинителство. Верувале или не, специјалното обвинителство бара 8(осум) пати повеќе пари за дејствување отколку што добива пари Јавното обвинителство за борба против организиран криминал.

Според финансискиот план кој е потпишан од Јанева за функционирање на специјалното обвинителство се побаруваат само за еден квартал, односно за поселдните три месеци од 2015 година огромни 63 420 428 денари, или над 1 милион евра, или ако се земе годишно фантастични над 4 милиони евра!

 

За илустрација постоечкото Јавно обвинителство за борба против организиран криминал, институција која ги водеше случаите Монструм, акцијата за апсење на лица поврзани со ИСИС, фатениот кокаин од 500 килoграми, Фаланга, Змиско око, Пајажина, и низа други сериозни и комплексни случаи и врз основа на кој модел се правеше и требаше да функционира Специјалното обвинителство на годишно ниво се финансира со само 470 000 евра или 8 пати помалку од она што го бара Јанева за нејзиното паралелно обвинителство.

Само за плати и надоместоци за само еден квартал се побаруваат неверојатни 51 795 428 денари. За споредба државата со приближно толку пари финансира околу 4000 работни места за општи работници кои работат на јавни работи и тоа во период од шест месеци!

За стоки и услуги, каде што е наведено дека влегуваат репрезентациите, комуналните трошоци, патувањата, прехранбените продукти и пијалоци, семинари, средства за дезинфекција, објавување огласи и други ставки се побаруваат скоро 200 илјади евра или 11 025 000 денари, и тоа за само три месеци!

Обвинителката бара 30 бодигарди – толку немал ни Гадафи, а немаат ни Путин и Обама  

Во поднесениот персонален план на специјалното обвинителство кој имавме можност да го видиме, покрај останатите небулози, она што боде очи е побарувањето на Јанева за 30 бодигарди, односно лица за обезбедување.

 

Што ќе им се 30 телохранители на Јанева, кумашинот на Заев и останатите предложени лица 30 телохранители останува нејасно, особено ако се земе во предвид дека постоечките јавни обвинители кои ги воделе или ги водат случаите како Планинска Бура, Монструм, акциите против тероризмот и ИСИС, шверцовите на кокаин и останатите многу поопасни случаи немале ниту пак сега имааат ниту еден единствен телохранител!

30 телохранители немаат ниту светските лидери Барак Обама и Владимир Путин, немаше ни диктаторото Моамер Гадафи, а немал ни борецот против мафијата Џовани Фалконе кој имал само еден возач!

Она што е особено загрижувачки во овој поглед е фактот што според извори на Прес 24 од Бихачка, во СДСМ се зборувало дека наголемо се прави регрутација на кадри кои се со сомнително минато и врски со подземјето, а на кои им било ветувано дека ќе влезат во овој тим од 30 обезбедувачи.

Но скандалозното на побарувањата од персоналниот план на специјалната обвинителка не застануваат тука. Катица Јанева бара неверојатни 124 вработени лица во својата институција. За споредба во постоечкото Јавно обвинителство за борба против организираниот криминал, врз основа на кој модел се прави специјалното обвинителство, работат само 30 лица, кои имаат и покомплексна и пообемна работа.

 

Останува нејасно и компликувано и зошто Катица Јанева побарува 14 помошници јавни обвинители, 28 истражители, 4 соработници и 6 советници, особено ако се има во предвид дека се работи за само околу 25 предмети за кои СДСМ има поднесено пријави, што во јавно обвинителската струка претставува извонредно мал број на предмети. За ислустрација еден постоечки јавен обвинител од едно од регуларните обвинителства на месечно ниво во просек и тоа сам обработува помеѓу 25-30 предмети, односно ист број на предмети за колку што Јанева побарува 50 лица, во постоечката пракса ги работи само еден човек!

Во политичките кулоари, особено во опозицијата се погласно се зборува дека специјалното јавно обвинителство ќе претставува уште една институција во која ќе се вдомуваат исклучиво партиски кадри на опозицијата и веќе на големо се лицитирало и  се лобирало кои истакнати партиски кадри од Бихачка ќе земаат плата од кај Катица Јанева!

Опасно поклопување на дејствата на Катица Јанева и Зоран Заев, евидентна е координација и дослух

Огромен скандал и основа за сериозен сомнеж за координирано дејствување на специјаното јавно обвинителство и Зоран Заев, произлегува од третиот документ за работа кој е потпишан од Катица Јанева и кој имавме можност да го увидиме а кој носи наслов Општ работен план.

Во него на втората страна специјалната обвинителка пишува дека првите одлуки кои таа и нејзиното обвинителство би ги донеле се очекуваат пред Нова Година, или околу 15 декември.

“…се очекува првичните одлуки Јавниот обвинител да ги донесе во периодот од 15 декември 2015 година до 15 март 2016 година…”, пишува Јанева

Овој нејзин став се преклопува или е идентичен со ставовите кои во редослед ги истакнуваат перјаниците на опозицијата, Заев, Шеќеринска и нивните соросови подржувачи, кои изјавуваа дека во перидот пред кампањата и во самата кампања за слените парламентрани избори кои треба да се одржат на 24 април, токму специјалната јавна обвинителка ќе биде клучен играч во кампањата во корист на сдсм, и тоа преку преземање на дејства чија единствена цел е нанесување на штета на имиџот на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека постојат сериозни основи за сомнеж дека постои некакво координирано дејство на специјалното обвинителство и СДСМ, вчера се потврди и од изјавата на лидерот на сдсм Зоран Заев кој истакна ставови кои се идентични со оние кои се напишани од Јанева во нејзиниот Општ работен план

-. Јас сум целосно убеден дека до Нова година обвинителни акти ќе паднат. Има податоци, има докази за целата оваа работа, не се само индикациите секако, голем дел од предметите се лесно докажливи. Се надевам дека обвинителни акти, до крајот на годината ќе паднат. Тоа е тоа што го очекуваме од Специјалното обвинителство – смета Заев.

Обвинителите вријат, Јанева треба да знае дека за својата работа одговора пред Советот за јавни обвинители а за евентуалните злоупотребите пред Јавниот обвинител Зврлевски

Оваа сканалозна мегаломанија претставена во трите плана на Јанева, нелогичностите и преголемите финансиски апетити, и особено индициите за координирано дејствување на специјалното обвинителство со политичката партија сдсм се скандалозни и наишле на жестоки реакции во обвинителството.

Дознаваме дека постоечките обвинители биле револтирани од ова нејзино однесдување, и Јанева имала проблеми со составувањето на тимот, бидејќи огромен дел од професионалците обвинители со голем работен стаж, искуство и кредибилитет одбиле да бидат дел од ваква завера во најава.

Голем број на обвинители ја одбиле Јанева, па таа без критериуми во тимот во голем дел вклучила лица, кои не исполнуваат услови да бидат дел на нејзиниот тим според законот.

Никој не е над законот

Во законот за специјалното јавно обвинителство, во глава 7, член 7, став 1, пишува дека специјалниот јавен обвинител е одговорен за својата работа пред собранието на Република Македонија и пред Советот за јавни обвинители. Во ставот 3 од истиот член пишува и дека специјалниот јавен обвинител ќе биде биде професионално одговорен за стручните и законските десјтвија при својата работа пред Советот на јавни Обвинители.

Исто така според постоечкото законодавство за секој вид злоупотреби Јавниот обвинител на Република Македонија може да преземе дејства против секој граѓани.

И советот на јавни обвинители вчера излезе со реакција во која наведе дека Јанева врши притисок врз Советот.

„ Најавите дека ќе си даде оставка ако макар и еден од предложените обвинители во тимот не и избереме, како и писмото од минатата недела што го испрати специјалната обвинителка Катица Јанева до Советот на јавни обвинители, во кое, иако сме надлежен орган, таа нe учи што да правиме и како да избираме, го сметаме за директен притисок врз Советот за изгласување на предлог-одлуката за избор на јавните обвинители во Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, реагираше во “Вест” претседателот на Советот на јавни обвинители Аневски.“ – изјави Претседателот на Советот на Јавни обвнители Петар Аневски за весникот Вест.

Извор: Прес 24.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.