Македонија,Политика

Ексклузивно:Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 64.000 работни места

Ексклузивно:Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 64.000 работни места

Најдобри проекти ќе понуди ВМРО-ДПМНЕ во својата нова изборна програма, за која од партијата велат дека е најквалитетна досега. Покрај најавените 2046 нови проекти, ВМРО-ДПМНЕ во својата програма најавува креирање и на 64.000 работни места.

Новата програма ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ биде промовирана вечерва во Скопје на централниот митинг кој ќе се одржи на плоштадот Македонија со почеток во 20 часот.

„Драги пријатели, не делат уште 24 часа кога утревечер на скопскиот плоштад ќе ја промовираме новата програма за наредните четири години. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Само уште 24 часа и народот ќе може да види какви сериозни и крупни проекти се планираат за наредните четири години. Нови 2046 проекти во програмата ќе можете да ги видите од утре па натаму. Од утре ќе почнеме да разговараме со конкретни работи, со конкретни дела. Тука е нашата сила. Тука е нашата моќ,“ рече Груевски на синоќешниот митинг одржан во Куманово.

Тој истакна дека со СДСМ се разликуваат во најмалку две работи- дадениот збор и квалитетот на програмата за развој на Македонија.