ЕКСКЛУЗИВНО: Првата пресуда во случајот Пуч – еве што признал осудениот пред Судот

Првата пресуда за случајот ПУЧ ги открива деталите за работењето на криминалната група предводена од Зоран Верушевски. Звонко Костовски кој вчера доби затворска казна од 3 години за незаконско прислушување и шпионажа признал  на кој начин соработувал со страснките служби, како Верушевски ги координирал осомничените, кој бил мета на незаконско следење по налог на поранешниот разузнавач.

Во пресудата која Сител ја добил користејќи го правото на слободен пристап до информации стои дека дека делата на вработениот во МВР кој вчера беше осуден започнале во 2010.

Преку вториот вработен во МВР тој стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности. Од пресудата може да се видат иницијалите на дел од прислушуваните . меѓу нив може дасе препознаат првите букви од имињата на премниерот Груевски, министерката Јаснкуловска, шефот на УБК Мијалков, како и други иницијали кои се индикативни како БЦ на Бранко Црвемнкосвки и РШ на Радмила Шекеринска.

Потоа снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР кој пак му ги предавал на верушевски. Крајната дестинација биле странските тајни служби.

Прибавените содржини од следените комуникации обвинетиот З. ги предавал на обвинетиот Ѓ.Л. кој му ги предавал на обвинетиот З.В., ,со намера да тој ги соопшти и предаде на странска држава, организација и лице кое им служи, со што обвинетите Ѓ.Л. и З. К. ,на обвинетиот З.В., за паричен надоместок му ставиле средства за располагање за извршување на кривичното дело, и со тоа со умисла му помогналe на обвинетиот З.В., во извршување на кривичното дело Шпионажа од чл.316 од КЗ., стои во судската пресуда.

Костовски доби 3 години затвор преку спогодба со јавното обвинбителство која потоа била верификувана од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд.

Со ова се докажува тврдењето дека зад прислушувањето стои странска држава која ги ангажирала осомничените предводени од верушевски. За соработката на екс разузнавачот со лидерот на СДСМ пак во јавноста протече писмо во кое се договоараат деталите за така наречениот ПУЧ.

Целата галерија можете да ја погледнете овде.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.