ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Крај на светот во Ужице!

Затемнувањето на Сонцето кое се случи во 1999. година во Србија на многумина им остана во сеќавање како време во кое кружеа бројни теории на заговор, а кои дефинитивно најсилно влијаеле врз граѓаните на Ужице. Тие се повлекле во своите домови и неколку часа не излегувале надвор!

На Интернет се појави видео – снимка од пред петнаесет години на која се гледаат празните улици и објекти, бидејќи граѓаните се затвориле во своите домови поради стравот од затемнувањето на Сонцето.

UZICE

-Иако овој феномен одамна е објаснет и се случувал и во времето на нашите предци, граѓаните решиле да не излегуваат надвор.

UZICE1

Меѓу останатите теории кои кружеле за ова случување, се зборувало и дека тие кои ќе излезат надвор ќе останат без коса, дека ќе го загубат видот, а имало и такви кои тврделе дека затемнувањето е последица на бомбардирањето, кое се случило само неколку месеци порано.

Погледнете…